Во сабота гостување во Благоевград - пријателски натпревар со бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград

Паузата поради активностите на националните репрезентации Брегаланица ќе ја искористи за пријателски натпревар пред продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ договорија пријателски натпревар со бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград кој ќе се одигра во сабота (24. септември) со почеток од 15 часот по македонско време на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград.

Уште една можност за шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски за проверка и на играчите кои се со помала минутажа низ првенствените дуели, но и одржување на натпреварувачкиот ритам на составот.