Реми (2-2) на гостувањето против лидерот Струга ТЛ

Фудбалерите на Брегалница одиграа без победник (2-2) на гостувањето против Струга ТЛ во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ одиграа квалитетен натпревар но не успеаја да ја ефектуираат доминацијата на теренот и покрај водството од 1-2 до последните минути од средбата. Триумфот беше одземен во 80. минута кога домаќините дојдоа до израмнување и бод со голот од пенал на Бесарт Ибраими по стартот на Херера во шеснаесетникот.

Претходно, во првото полувреме Струга дојде до водство од 1-0 во 22. минута со голот на Хоган Укпа, но веќе во 24. минута Ѓорѓи Ѓорѓиев го израмни резултатот по убавата асистенција од Кордоба. Во второто полувреме, Александар Ристевски во 52. минута постигна ефектен гол со глава за предност од 1-2 на Брегалница, пред да следи израмнување на Ибраими во 80. минута.

Во следното првенствено коло, на 6. ноември во Штип, Брегалница го пречекува Тиквеш.

ПМФЛ - 13. КОЛО
Струга ТЛ - БРЕГАЛНИЦА 2-2 (1-1)
Градски стадион во Струга. Стрелци: Укпа 22', Ибраими 80'(п) (С) - Ѓорѓиев 24', Ристевски 52' (Б)