Реми со Победа за крај на есенскиот дел од сезоната

Фудбалерите на Брегалница пропуштија одлична можност со победа да го заокружат есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Во последното коло од првиот дел од шампионатот „сините“ на домашен терен имаа предност од 2-0 против прилепска Победа по првото полувреме, но во вториот дел дозволија гостите да постигнат два погодоци за конечни 2-2.

Брегалница фуриозно го почна мечот тотално доминирајќи на теренот, па веќе во 17. минута Додев одлично реагираше за водство од 1-0. Во 21. минута Дарко Додев повторно беше присебен од непосредна близина пред голот на гостите носејќи водство и од 2-0.

До крајот на првиот дел „сините“ имаа уште неколку одлични можности за погодок, но не успеаја да реализираат, па казната следеше во второто полувреме кога Победа најпрво во 47. минута со голот на Мазари намали на 2-1, а потоа со погодокот на Губам во 72. минута успеа да дојде и до 2-2.

ПРВА ЛИГА - 18. КОЛО
БРЕГАЛНИЦА - Победа 2-2

Градски стадион во Штип. Стрелци: Додев 17', 21' (Б) - Мазари 47', Губам 72' (П)