Младинските репрезентативци Марко и Матео Софијаноски се најновите имиња во Брегалница!

Браќата Матео и Марко Софијаноски се најновите аквизиции на Брегалница за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ денеска официјално потпишаа договор со 18-годишните младински репрезентативци на Македонија, како начин за продолжено вложување во младите македонски фудбалски сили.

Матео Софијаноски е играч од средниот ред, додека Марко Софијаноски е офанзивен фудбалер кој може да игра и на крилните позиции во средниот ред.

Матео и Марко Софијаноски фудбалски потекнуваат од школата на ФК Вардар, а потоа во својата досегашна кариера настапуваа и за ФК Њу Старс и за второлигашот Воска спорт. Сега, својата професионална кариера ја продолжуваат во дресот на ФК Брегалница!