По победата над Силекс во Кратово од 1-2 во 22. коло, Брегалница изби пред Тиквеш на петтата позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига по крајот на вториот круг од шампионатот.
Избраниците на Горан Здравков одиграа одличен натпревар во Кратово најавувајќи ја победата со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 40. минута. На 0-2 во 49. минута зголеми Давид Калпачки со својот дебитански гол во дресот на Брегалница. А домашните со голот на Филип Стојчевски во 94. минута единствено успеаја да го ублажат поразот.
По завршувањето на вториот круг од првенството, познат е распоредот на натпреварите на „сините“ до крајот на сезоната 2022/23.
Согласно распоредот за третиот круг, Брегалница следните три натпревари во ПМФЛ ќе ги игра на домашен терен. Првиот, следното 23. коло, против прилепска Победа во Штип.