Низ максимален ритам фудбалерите на Брегалница ги продолжуваат тренинг-активностите за време на паузата во Првата македонска фудбалска лига поради настапите на македонските репрезентации.
Шефот на стручниот штаб Горан Здравков во еднаков ритам како и од самиот старт на преземањето на тимот продолжува со подготовката на тимот за се она што го очекува до крајот на сезоната.
На тренинзите актуелниве денови недостасуваат единствено репрезентативците од „сините“ редови, Иван Николов и Михаил Димитриевски кои се со младата репрезентација до 21 година, Дино Михолов кој е дел од репрезентацијата до 19 години, како и Халид Лвалива кој е повикан во репрезентацијата на Уганда.
Паузата поради репрезентативните активности Брегалница ќе ја искористи за пријателски натпревар со второлигашот Беласица кој ќе се одигра во сабота (25. март) со почеток од 15 часот во Струмица.
Следниот натпревар на Брегалница во Првата македонска фудбалска лига е во 25. коло против Тиквеш на 2. април во Штип.