Иван Николов продолжува во дански Сондерјиске: Огромна благодарност за целокупниот придонес во синиот дрес!

Брегалница продолжува со политиката на поддршка на младите фудбалери како клуб кој го гради и овозможува патот кон интернационална кариера за талентите, и продажба на фудбалерите како начин за дополнителен развој на клубот од секој можен аспект.

Уште една голема македонска фудбалска надеж, досегашниот наш капитен Иван Николов својата кариера ја продолжува на интернационалната сцена откако Брегалница реализираше договор за негов трансфер во данскиот клуб Сондерјиске.

21-годишниот член и на младата репрезентација на Македонија продолжува со надградбата на својата кариера овој пат во шампионатот на Данска.

ФК Брегалница искрено му благодари на Иван Николов за целокупниот досегашен придонес за сините бои низ годината во која повеќе од успешно го носеше дресот на клубот, посакувајќи му среќа во новиот клуб и уште поголеми успеси во иднина на европската сцена.