Поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички, Виктор Велкоски е уште едно засилување за одбраната на Брегалница.
27-годишниот Велкоски доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Лачи каде настапуваше изминативе две сезони. Велкоски, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, претходно во својата кариера има настапи и за Работнички, Пелистер, Скопје и прилепска Победа во домашните шампионите, како и за грчкиот Егиниакос.
Искусниот Велкоски, кој игра на централната дефанзивна позиција, и тоа како треба да биде засилување за одбраната на тимот низ продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.