"Во Кавадарци ќе дадеме се од себе да ги потврдиме нашите квалитети и очекувам натпреварот со Тиквеш да биде брз и динамичен, одличен за гледање затоа што и двете екипи негуваме таков ритам и сакаме да играме фудбал. Се надевам дека ќе има публика од двата табора, како и присуство на навивачките групи "Фаланга" и "Лозари" кои даваат уште поголем мотив за нас актерите на теренот, сепак фудбалот се игра за навивачи, за оние кои цело време се покрај нас и ни даваат поддршка во сите моменти. Ние, како и на секој натпревар ќе атакуваме на трите бодови и сметам дека со дисциплинирана игра и исполнување на зададените задачи од шефот на стручниот штаб, на крај ќе дојдеме до посакуваните 3 бодови во Кавадарци." - ни изјави голманот на "штипските сини" Мартин Давков кој ланската сезона ги бранеше боите токму на Тиквеш.