"Двете екипи се мошне квалитетни, не очекува тежок натпревар. Поминав добри 2 години во Брегалница, ги ценам и почитувам луѓето во клубот. Дуелот помеѓу овие две екипи одсекогаш бил интересен за гледање. Брегалница направи респектабилна екипа, но и ние си имаме свои математики и цели. На секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и во недела. Она што можам да го ветам е дека публиката ќе ужива, како и на секој досегашен натпревар на Тиквеш. Ги повикувам да дојдат во што е можно поголем број и да не бодрат, бидејќи фудбалот, па и секој друг спорт се игра за навивачите." - ни изјави поранешниот репрезентативен стопер и член на Тиквеш, Даниел Мојсов, кој во последните две сезони настапуваше во штипска Брегалница.