ФК Брегалница - ФК Јанг Тим во 1/8 финалето од купот

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Штипска Брегалница се чини го доби најлесниот противник, третолигашот Јанг Тим од Струга. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот од ланската сезона во натпреварувањето, Струга Трим Љум ќе гостува кај Воска.

Работнички ќе игра против Шкендија, Пелистер против Тиквеш, Шкупи со Охрид. Силекс ќе ги одмери силите со Башкими, додека Брера со Гостивар.

Мечевите за закажани за 25. октомври во 14:00 часот.

ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Вардар – Македонија Ѓ.П

Брегалница – Јанг Тим

Работнички – Шкендија

Силекс – Башкими

Пелистер – Тиквеш

Брера – Гостивар

Шкупи – Охрид

Воска – Струга