"Не очекува исклучително тежок натпревар со екипата на Шкупи во недела. Но, натпреварот колку ќе биде тежок за нас, толку ќе биде и за нив бидејки ние веќе фативме добар ритам и после серијата лоши резултати, поврзавме 2 одлични натпревари со позитивни резултати. Сепак, со тие два добри натпревари ние не се задоволуваме, сите во тимот се "гладни" за игра, докажување и резултати. Атмосферата во соблекувалната е одлична, здравствениот билтен ни е добар, немаме повреди и целиот ростер се бори за место во првиот тим. Во недела, во Скопје одиме максимално мотивирани, не излегуваме на терен со бело знаме и ќе дадеме се од себе да дојдеме до трите бодови. Комплетно сме посветени на нашата игра, ги коригираме и анулираме сите грешки кои ни се случуваа во минатото и целосно подготвени го очекуваме мечот во недела." - изјави Филип Стојчевски за клубскиот сајт на ФК Брегалница.