1. Какви се твоите очекувања од тешкото гостување во Кратово?
- Очекувам да се вратиме со позитивен резултат. Силекс како екипа, ја респектираме, но не одиме во Кратово со бело знаме, одиме со една цел, тоа е 3 бодови.
2. Имаме висока победа за подигање на самодовербата, имаме и добра серија со со Силекс во последните 4 натпревари. Колку е реално да се вратиме со цел плен?
- Точно, имаме серија со Силекс во последниве 4 натпревари, се надевам дека истата ќе ја продолжиме и во сабота. Тоа ќе биде добро и за подигање на самодовербата на секој поединец во нашата екипа. Затоа секој играч што ќе стартува и што ќе влезе од клупата треба да го даде својот максимум и верувам дека се враќаме со 3 бода.
3. Каде ја гледаш Брегалница на крајот од календарската 2023 година?
- Ако продолжиме како со досегашната добра игра, мислам дека е вистинско време добрите резултати да дојдат. Со оглед на тоа дека на табелата, разликата со останатите екипи не е многу голема, би можеле и до топ 4 до крајот на оваа календарска година.
Изјава на младинскиот репрезентативец Михаил Димитриевски
Пишува: Горан Стаменков