1. Гостивар е во добра форма, за разлика од нас. Дали можеме да очекуваме бодови од ова гостување?
- Ние сме тим што секогаш мора да одиме на победа и да се надеваме на бодови од секој меч. Но, тоа мора да го докажеме и на теренот. Тие се одличен тим, имаат добри играчи и играат дома, но ние одиме да се надигруваме.
2. Испаднавме од купот, се наоѓаме на долниот дел од првенствената табела. Како и каде го гледаш излезот од резултатската криза?
- Навистина сме во лоша серија. Јас верувам во моите соиграчи, во нашата ментална стабилност. Сите заеднички можеме да излеземе од кризата, со давање 100% максимум на теренот и со верба во самите нас, излезот од кризара е близу.
3. Ова е твој прв трансфер во Македонија. Како си задоволен од престојот тука, Брегалница, навивачите, Штип...?
- Ова е прв пат да ја напуштам мојата Костарика. Се е ново за мене, малку ми е тешко, но навистина се трудам што е можно побрзо да се прилагодам на животот овде и да се адаптирам на начинот на игра, кој исто така е нов за мене. Штип е многу мирен град, навистина го засакав, се чувствувам прекрасно овде. Во Брегалница сум примен одлично, како од соиграчи, така и од стручен штаб. Знам дека имам многу да дадам за овој град и клуб, да ги радувам навивачите, се надевам дека нема да разочарам и ќе станам еден од милениците овде.
- изјави за клубскиот сајт, интернационалецот од Костарика Фабрицио Венегас