1. Имаме серија од 3 натпревари без пораз, дали полусезоната можеме да ја завршиме во тој ритам?
- Играме добро последните неколку натпревари, но никако да дојдеме до 3-те бода, а во фудбалот се памети само резултатот. За нас секој бод е важен и потребен, па така во недела сите на терен со максимална ангажираност да се вратиме од Струга со позитивен резултат.
2. Што очекуваш како капитен на екипата во претстојниот прелазен период? Дали се планираат трансфери?
- Мометално сме фокусирани само на натпреварот што не очекува во недела во Струга. Тоа е последен натпревар од есенската полусезона, па после него треба стручниот штаб и управата да направат длабинска анализа што и како понатаму.
3. Изгледот на табелата не е во прилог на Брегалница. Но, првенството е прилично изедначено. Дали плаво-белата чета според играта заслужи да биде на 10-тото место и какви се очекувањета и плановите за на пролет?
- Како што кажав, играме добро, но се памети резултатот, а ние есенва изгубивме премногу бодови од ситници кои ни се повторуваат. Мораме да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме и во недела сите да дадеме максимум на терен, а после тоа ќе имаме доста време да ги санираме грешките кои ни се повторуваа, се со цел да влеземе подготвени и да бидеме многу подобри во вториот дел од првенството.
изјава на капитенот Горан Силјановски во пресрет на последниот дуел од есенската полусезона против Струга
пишува: Горан Стаменков