Како се чувствуваш во новата средина и односот со управата, соиграчите, стручниот штаб?
- Во Брегалница се чувствувам одлично. Супер сум прифатен од сите и со нивна помош лесно се прилагодив во новата средина.
Одбранет пенал на последниот натпревар. На кој начин се концентрираш при досуден пенал? Имаш ли специфичен начин на проценка при бранењето на пенали?
- Секој различно се припрема за пенали. Немам некој посебен начин. Поголемиот притисок е кај играчот кој го изведува. Според мене, пенал е повеќе среќа и секој може да одбрани.
Одиме ли на бод(ови) во Кавадарци?
- Тиквеш е одлична екипа. Нема голема разлика меѓу екипите во првенството, тоа го потврдува и табелата. За нас сите преостанати натпревари се од големо значење и секој бод е важен. Во Кавадарци, како и на секој натпревар одиме да дадеме максимум и да се бориме до крај за бодови.
Изјава на голманот на Брегалница, Ристе Јанков