Дали кадровските промени во клубот ќе влијаат на формата?
- Секоја промена што се прави, се прави да биде подобро. Искрено се надевам дека ќе заиграме онака како што можеме и знаеме и дека бодовите ќе се нижат на нашето конто, со што ќе ја оствариме толку посакуваната цел, опстанокот.
Шкупи е твој поранешен клуб, збор-два за нив?
- Имаат одличен тим, клуб со одлична организациска поставеност и јасна цел. А тоа сигурно е двојна круна годинава. Еден од најдобро организираните клубови во Македонија, со фудбалска визија, константност и супер публика, која ги поддржува во сите моменти.
Очекувања за во недела?
- Со целата наша енергија, со сето наше фудбалско знаење ќе атакуваме на трите бодови. Потребно е ние да си го одиграме нашето, да го дадеме последниот атом од силите и максимумот на теренот, да покажеме победнички менталитет, а верувам со таква една игра, бодовите нема да изостанат. Ја повикувам нашата верна публика да дојде, да ние даде “ветер во грб” и заедно да се радуваме по истекот на 90-те минути.
- изјави оганзивецот Пепи Ѓорѓиев за клубскиот сајт