Заврши фудбалската 2023/2024 сезона во Првата македонска фудбалска лига. На жалост, штипските сини го напуштаат прволигашкото друштво и сезоната ја завршуваат на последната позиција. Шампион за оваа сезона е Струга, во квалификациите за Конференциска лига ќе игра Шкендија, додека освен Брегалница, во втора лига испаѓа и Македонија Ѓорче Петров. Екипата на Вардар ќе игра бараж за опстанок против екипата на Детонит од Радовиш.
Од следната сезона, нови прволигаше се Беса од Добридол и Пелистер од Битола.
Во финалето на националниот куп ќе играат Тиквеш и Воска. Победникот ќе настапува во квалификациите на Лига Европа.
Се надеваме на експресно враќање на нашата Брегалница во прва лига.