Никола Тонев - спортски директор на ФК Брегалница

Поранешниот ас на фудбалскиот клуб Брегалница Никола Тонев е старо-нов спортски директор во клубот. Тонев седнува на испразнетото директорско столче во клубот со цел да помогне во амбициите на клубот за експресно враќање во првата македонска фудбалска лига.