Првите летни засилувања стигнаа на потпис

Фудбалскиот клуб Брегалница се активира околу креирањето на ростерот за следната 2024/2025 фудбалска сезона. Новиот спортски директор Тонев веднаш се активираше на трансфер пазарот и денес ФК Брегалница ги потпиша првите две засилувања. Јовица Радевски и Зоран Даноски се нови фудбалери на Брегалница. Радевски доаѓа од Беса, а Даноски од Тиквеш. Станува збор за квалитетни фудбалери со прволигашко фудбалско педигре и се очекува и те како да помогнат на штипските сини во плановите за експресно враќање во првата лига. Исто така, напаѓачот Иван Глигоров го продолжи својот договор, а со тоа се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Трајче Сенев за претстојната сезона.
 
Раководството на клубот ја известува јавноста дека подготовките официјално започнуваат на 08.07.2024 (понеделник), а 6 фудбалери од младинската школа ќе се приклучат кон првиот тим.
Закажани се и пријателски подготвителни натпревари по следниот распоред:
20.07 Брегалница – Детонит
24.07 ФК Вихрен (Бугарија) – Брегалница
27.07 слободен термин – се чека противник
01.08 Работнички – Брегалница
10.08 Брегалница – Победа (генералка)