Давков, Иванов, Стојков и Ивановски се нови имиња во ФК Брегалница

Зоран Ивановски доаѓа од Детонит и игра на десната крилна позиција. Давид Стојков има настапувано во Беласица и Тиквеш и ќе ги засили одбранбените редови на нашиот клуб. Грегори Давков, на кого левата нога му е посилно оружје на теренот, пристигнува од Кожуф од Гевгелија и игра на левата бековска позиција. Иванов доаѓа од Кожуф, а има настапувано и за Македонија ЃП, Саса, Борец, Академија Пандев, Овче Поле, Слога и Работнички.