Попоски, Наумовски, Галевски и Серафимов ја засилија Брегалница

Голманската позиција во следната сезона ќе биде резервирана за Дамјан Серафимов. Станува збор за 23-годишен голман кој доаѓа од Охрид Лихнидос, а во кариерата има настапувано и во Македонија Ѓорче Петров. Серафимов е висок 180см и се очекува да биде прв кандидат за “единицата” во штипските сини.
Иван Галевски е најновото засилување во нашиот колектив. Има 27 години и игра на позиција десно крило. Популарниот “Гале” е искусен прволигашки фудбалер, кој во минатото настапуваше во Силекс, Струга ТЛ, Победа, Кит Го Пехчево, АП Брера, Еуромилк и Македонија ЃП.
Виктор Наумовски ќе го засили средниот ред на Брегалница, се работи за фудбалер кој одлично ја чита играта и позиционирањето на соиграчите на теренот. Има 22 години и се служи во левата нога. Во кариерата има настапувано уште за Тиквеш и младинските категории на Брера Струмица.
Столе Попоски има 23 години и ќе биде во конкуренција за напаѓачката линија во Брегалница. Станува збор за корпулентен офанзивец, кој во претходната сезона беше стандарден во ФК Скопје. Кариерата ја започна во Њу Старс, а настапуваше уште за Кадино и Борец од Велес.