​Брегалница мисли на иднината

Младиот дефанзивец Благој Хаџи Кимов потпиша повеќе годишен професионален договор и ја потврди верноста кон клубот. Со овој потег, управата на ФК Брегалница покажува дека мисли на своите млади таленти, а со тоа и на иднината. Со потписот на Хаџи Кимов, се потврдува фактот дека раководството на клубот гледа на долгорочни патеки. Потписот на Хаџи Кимов, треба да биде поттик и мотив за другите млади надежи за упорна работа и тренинзи и борба за првотимски статус во плаво белиот дрес.