Сенев: "Очекуваме добар старт и 3 бода за почеток на сезоната"

Во пресрет на почетокот на новата фудбалска 2024/2025 сезона, шефот на штаб Трајче Сенев ни одговори на неколку прашања.
 
Какви се очекувањата од претстојната сезона?
  • Мораме да напоменеме уште на стартот дека 90% од екипата е составена од нови играчи кои дојдоа летово. Наше е да ветиме на публиката дека на секој натпревар ќе влегуваме максимално мотивирани и играчите ќе даваат 100% на теренот и секаде ќе одиме на победа. Ќе одиме чекор по чекор, со доза на внимателност пред секој следен натпревар и респект кон секој противник.
Дали тимот е конечен? Се очекуваат ли уште засилувања?
  • Костурот на тимот е дефиниран. Играчите се тие што ги имаме. Доколку се појави можност за да се доведе играч со екстра квалитет, со прволигашко досите, ќе го ангажираме.
Каква е здравствената состојба на екипата? Дали сите играчи се спремни за стартот на сезоната?
  • Да, сите играчи се фит и ќе конкурираат за првиот тим.
Дали веќе ги имате дефинирано првите 11-мина?
  • Сезоната е долга, секој играч ќе добие шанса за докажување. Секој натпревар е различен и спрема противникот, ќе биде креиран и составот и формацијата.
Што да очекува публиката за уводниот меч во сабота против Победа?
  • Играчите се спремни за надигрување, хемијата во екипата е на одлично ниво. Одиме на 3 бодови за добар старт на сезоната!