Горан Томовски нов играч на ФК Брегалница

Горан Томовски (26) е последното засилување на ФК Брегалница за претстојната сезона. Томовски доаѓа од екипата на Брера. Станува збор за искусен играч, со прволигашко искуство, кој е доведен да и помогне на штипските сини за кам-бек во првата лига. Томовски ќе конкурира за место во средината на теренот, по вокација игра последен играч за врска, а може да ги покрива сите позиции од средината на теренот.