Актуелно

ФК Брегалница ќе настапи на турнирот "Вуко Каров и тиквешките легенди"

Фудбалскиот клуб Брегалница ќе ја искористи репрезентативната пауза и со задоволство ја прифати поканата од ГФК Тиквеш за учество на меморијалниот турнир "Вуко Каров и тиквешките легенди", кој ќе се одржи во четврток (10/10/2024) во Кавадарци.

Целосната програма за турнирот:

Отварање на турнирот 11:30 часот.
Учесници на турнирот се екипите на:
ГФК ТИКВЕШ
ФК РАБОТНИЧКИ
ФК БРЕГАЛНИЦА
Турнирот ќе се игра во 1 (еден) ден, по ,,ИТАЛИЈАНСКИ СИСТЕМ", секој против секого, во три полувремиња од по 45минути.
Прв натпревар 12:00 часот:
ГФК ТИКВЕШ - ФК РАБОТНИЧКИ
Втор натпревар 13:00 часот :
ГФК ТИКВЕШ - ФК БРЕГАЛНИЦА
Трет натпревар 14:00 часот
ФК РАБОТНИЧКИ - ФК БРЕГАЛНИЦА
Доделување награди 15:00 часот
Затварање на турнирот 15:15 часот