Актуелно

Заврши есенската полусезона во ВМФЛ

Со завршувањето на 15-то коло, се спушти завесата на есенскиот дел во втората македонска фудбалска лига. Македонија Ѓорче Петров е прва, а штипските сини завршија на 2-то место, позиција која води директно во првата фудбалска лига. Главни конкуренти на двете првопласирани екипи се Башкими и Арсими, а од втор план својата шанса ја гледаат Охрид, Детонит и Каменица Саса.

Втората полусезона продолжува на 15.02.2025 година, а Брегалница гостува на Победа во Прилеп.