Актуелно
Во сабота, 17/02/2025 стартува пролетниот дел од првенството во втората македонска фудбалска лига. ФК Брегалница гостува на прилепска Победа. Мечот се игра во 14:00 часот на стадионот "Гоце Делчев". За продолжението од првенството штипските сини се засилија со Димитриј Попоски, Стефан Бабунски и Лука Георгиев. Клубот го напуштија: Зоран Даноски, Зоран Ивановски, Јовица Радевски, Виктор Наумовски и Виктор Крстевски.
Во првиот меч, во Штип, Брегалница славеше со 2:1. Есенскиот ден ФК Брегалница го заврши на втората позиција со освоени 33 бодови, додека Победа е на 12-тото место со 14 бодови.