На едно коло до крајот на сезоната во Втората лига - Исток, ФК Брегалница се раздели со, сега веќе, досегашниот шеф на стручен штаб Зоран Штерјовски.
Во заеднички договор на раководството на клубот и Штерјовски одлучено е за прекин на меѓусебната соработка непосредно пред крајот на првенството.
„На ФК Брегалница и посакувам многу среќа и остварување на целите во следната сезона“ - истакна Штерјовски веднаш по одлуката за раскин на договорот со „сините“.