Шишков, Мирчевски, Ѓоргиев се нови имиња во Брегалница (ФОТО)

Стартувајќи со подготовките за новата сезона, штипска Брегалница се засили и со уште пет нови имиња.

Досегашните фудбалери на гевгелиски Кожуф, Мартин Шишков и Ристе Каракамишев, десниот бек Тони Мирчевски од Борец Велес, 17-годишниот голман од Победа, Антонио Столевски и досегашниот офанзивец на Беласица, Пепи Ѓоргиев, се најнови засилувања на Брегалница.




Претходно, како што е познато, во клубот пристигнаа и Иван Настевски, Мартин Стојанов и Благој Гуцев од Кит Го, Анес Османовски од германски Унтерахинг, Стојанче Велинов од Академија Пандев, Филип Миленковски од Силекс, Марио Наумоски од Победа и Мишко Арсовски од Пелистер.

„Сините“ во моментов ги реализираат своите подготовки во Пехчево. Како што е познато, од денеска и официјално нов сопственик на Брегалница е спортскиот работник во Македонија за 2018 година, познатиот стопанственик Кирил Гогов.

Поврзани вести