Реми (1-1) со Работнички во првиот пријателски натпревар летово

Фудбалерите на Брегалница ремизираа (1-1) со Работнички во првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона кој се одигра попладнево на Градскиот стадион во Штип.

Брегалница беше далеку понадмоќна од „романтичарите“ низ текот на сите 90 минути од средбата која се одигра пред околу 1.000 навивачи кои посакаа да го видат новиот тим на „сините“, и покрај тоа што се работеше само за прв контролен меч. Нашиот тим дојде до предност со голот на Наумче Бакрачески во 37. минута, кој со одличен шут погоди во горниот агол од голот на Работнички. Три минути подоцна, Ристе Наумов имаше одлична шанса, но Јанков одбрани и исфрли во корнер.




Во второто полувреме, повторно Брегалница ја имаше првата шанса. Во 63. минута, Шишков нафрли, а Пепи Ѓорѓиев шутираше сантиметри крај голот.

Работнички израмни во 74. минута со голот на младиот Лука Станковски. На оваа акција претходеше шутот на неговиот брат Марио Станковски кој го погоди дирекот.

Во 84. минута Пепи Ѓорѓиев имаше одлична шанса да донесе победа за нашиот тим, но гостинскиот голман Ристо Јанков го одбрани неговиот удар.




ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)

Градски стадион во Штип. Гледачи: 1.000. Главен судија: Крумислав Горгиев. Стрелци: Бакрачески 37′ (Б), Л. Станковски 74′ (Р).

БРЕГАЛНИЦА: Давков, Манев, Д. Стојанов, Мирчевски, Миленковски, М. Стојанов, Османовски, Бакрачески, Велинов, Ѓоргиев, Наумов. Уште играа: Пашоски, Рајков, Наумоски, Мицкоски, Шишков, Рунтев, Кудев

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Велкоски, Клисура, Кузманов, Линг, Стојчевски, Марковиќ, Максимов, Шаркоски, Гомеш, Тошески. Уште играа: Герасимоски, Пановски, Додевски, Ацковски, Тодоровски, Станковски, Стојчевски