ФК Брегалница официјално потпиша професионални договори со пет млади фудбалери кои треба да бидат иднината на „сините“.
Во новата сезона со професионални договори влегуваат Анџело Николовски, кој веднаш е позајмен на ФК Кит Го, но и Јован Манов, Тони Мирчевски, Марио Наумоски и Анес Османоски.
„Брегалница под водство на новиот генерален финансиер Кирил Гогов исклучително ќе мисли на иднината на клубот. Почитувајќи ги квалитетите на младите фудбалери и носени од вербата во нив потпишани се професионални договори. Покрај амбициите за висок пласман кои ќе не носат во новата сезона, секако размислувањето и за иднината на клубот мора да биде во фокусот“ - вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.