Младиот дефанзивец на Брегалница, Денис Стошиќ е повикан во младата репрезентација на Македонија до 21 година за стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2021.
Селекторот на младата селекција, Благоја Милевски се одлучи да го повика во националниот тим и 20-годишниот Стошиќ кој ова лето како засилување пристигна меѓу „сините“. Стошиќ потекнува од младинската школа на германски Хофенхајм, а во својата кариера низ младинските категории има настапи и за Карлсруе, ФЦ Ален и за Шпилберг.
Селекторот Благоја Милевски, денеска во 12 часот во просториите на ФФМ, официјално ќе го соопшти списокот за септемврискиот стартот на квалификациите за пласман на ЕП У-21. Македонија во Скопје на 10. септември ја очекува натпреварот против Фарските острови. Македонија е квалификациската Група Б, покрај со Фарските острови, и со селекциите на Казахстан, Црна Гора, Израел и Шпанија.