Христијан Божиновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот на нашиот тим против Кит Го кој во рамките на 6. коло ќе се игра в недела (29. септември) со почеток од 15 часот во Пехчево.
На Божиновски ќе му помагаат сограѓаните Александар Недевски и Дарко Костадиновски, а четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Александар Ангелов од Кочани, а контролор - Горан Манасиев од Велес.