Пресметка против Кит Го во Пехчево во денешната шеста рунда од шампионатот

По триумфот против Македонија ЃП во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија повторно е вратена максимално позитивната атносфера во редовите на Брегалница пред продолжението на шампионатот во Втората лига - Исток.

„Сините“ во денешното 6. коло гостуваат на Кит Го во Пехчево повторно носени со верба за позитивно издание и враќање на победите во првенството. Иако свесни се во таборот на Добринко Илиевски дека пред себе ги очекува противник кој има две едноподруго победи во шампионатот и огромен мотив за надигрување. 

Христијан Божиновски од Скопје ќе биде главен делител на правдата на натпреварот а ќе му помагаат сограѓаните Александар Недевски и Дарко Костадиновски, а четврти судија ќе биде Александар Василевски, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Александар Ангелов од Кочани, а контролор - Горан Манасиев од Велес.

Натпреварот меѓи Кит Го и Брегалница во Пехчево стартува од 15 часот.