Матеј Ѓоргиев доби повик од Канатларовски за настап во репрезентацијата до 16 години

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Драган Канатларовски го повика и младиот фудбалер на Брегалница, Матеј Ѓоргиев за настап во националниот тим на пријателските натпревари против Романија кои ќе се одиграат на 5. ноември и 7. ноември во Скопје.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 3. ноември, а подготовките пред двата дуели ќе течат во главниот град.