​Младинците го победија Милано со 9-0, пионерите се есенски шампиони

Нови успешни настапи на младинските тимови на Брегалница изминатиов викенд во соодветните лигашки натпреварувања. Во пресметките со Милано на четири генерации, запишани се две победи, реми и пораз.

Младинците славеа убедливо со 0-9 на гостински терен, а на гости играа и кадетите кои загубија со 2-1.

Пионерите славеа убедлива победа од 6-0 на домашен терен, со што со девет победи од девет натпревари и гол разлика од 40-5 во својата конкуренција веќе ја осигураа есенската шампионска титула во Втората лига. За тимот кој го предводи Драган Арсовски останува уште последното есенско коло против Борец Велес.

И, помладите пионери на домашен терен одиграа 1-1 со врсниците од Милано.