Јосип Бартон од Скопје ќе ја дели правдата на дерби пресметката од 14. коло во Втората лига - Исток меѓу Тиквеш и Брегалница која се игра во Кавадарци, во сабота (30. ноември) со почеток од 13 часот.
На Бартон ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Фатон Мустафи од Тетово, а четврти судија ќе биде Пларент Салихи, исто така од Тетово. Делегат на мечот ќе биде Антонио Насевски од Кратово, а контролор - Миле Стојчевски од Скопје.