Новогодишни подароци за дечињата со посебни потреби во училиштето „Искра“ (ФОТО)

Уште една хуманитарна предновогодишна акција на ФК Брегалница. Денеска дечињата од пионерско-младинската школа на Брегалница, предводени од Извршниот директор на клубот, Емил Тодев и координаторот на школата, Борче Постолов ги посетија децата со посебни потреби во училиштето „Искра“ во Штип притоа подарувајќи им и новогодишни подароци.



Извршниот директор на клубот, Емил Тодев испрати искрени желби за сите дечиња од „Искра“ за многу здравје, љубов и среќа во новата 2020 година притоа информирајќи и дека Брегалница како фудбалски колектив секогаш ќе биде со нив кога е најпотребно.