Утре со Борец во Велес првиот пријателски натпревар зимава

Брегалница утре со натпреварот против прволигашот Борец во Велес почнува со пријателските натпревар за време на зимскиот подготвителен циклус.

Пред заминувањето за Анталија, планирано за 2. февруари, тимот на Добринко Илиевски ќе одигра три тест дуел во Македонија. Покрај утрешниот дуел со Борец, договорен е натпреварот со Осогово во Кочани на 27. јануари и со Пелистер во Штип на 31. јануари.



Натпреварот меѓу Борец и Брегалница утре на Градскиот стадион во Велес се игра со почеток од 13 часот.