Реми со Борец во Велес во првиот меч за време на зимските подготовки

Фудбалерите на Брегалница ремизираа (1-1) во првиот пријателски натпревар за време на зимскиот подготвителен циклус. Избраниците на Добринко Илиевски одиграа без победник на гостувањето против Борец во Велес.

„Сините“ беа далеку подобар противник во текот на целиот натпревар пропуштајќи бројни можности за погодок, па на крајот задоволувајќи се само со реми против прволигашот.

Брегалница дојде до рано водство со голот на Михаил Маневски уште во 5. минута од средбата, откако одлично беше проигран од левата страна па прецизно шутираше од десеттина метри ниско по земја. Во 28. минута одлична можност имаше и Пепи Ѓорѓиев, но неговиот обид со глава од 5-6 метри заврши над голот на домашните.



Во второто полувреме комплетна промена на составот, но продолжи доминацијата на Брегалница. Сепак, по пропуштените шанси, следеше казната на спротивната страна па Борец израмни со голот на Никола Радовиќ во 65. минута.

Во продолжението одлични шанси не реализираа Кудев, Стојанов и Настевски, па резултатот остана со конечни 1-1.

БРЕГАЛНИЦА (прво полувреме): Давков, Мирчевски, Стојанов, Гогов, Маневски, Бакрачески, Наумоски, Рунтев, Стојанов, Миленкоски  и Ѓоргиев.
БРЕГАЛНИЦА (второ полувреме): Талески, Стошиќ, Манев, Стојчевски, Маневски, Османовски, Ацковски, Кудев, Стојанов, Наумов и Настевски.