Натпреварот со Пелистер утре во Битола

Пријателскиот натпревар со Пелистер фудбалерите на Брегалница ќе го играат утре од 13 часот на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола.

И покрај тоа што првично беше договорено дуелот да се игра во Штип, сепак поради актуелната реконструкција на Градскиот стадион во Штип, одлучено е средбата да биде во Битола.

Ова е втор пријателски натпревар за составот на Добринко Илиевски низ актуелниот подготвителен циклус, откако „сините“ претходно ремизираа (1-1) со прволигашот Борец на натпреварот во Велес.