Убедливо издание во Битола: Триумф од 0-2 против Пелистер

Низ уште едно убедливо издание, по квалитетната претстава на првиот тест дуел зимава против Борец во Велес, фудбалерите на Брегалница денеска славеа со 0-2 во Битола на пријателскиот натпревар против Пелистер.

На стадионот „Под Тумбе Кафе“, штипските „сините“ доминираа во текот на сите 90 минути за сосема заслужена победа. Предноста на Брегалница дојде по само 20 минути игра кога Мартин Стојанов постигна одличен погодок по центаршутот од левата страна на Филип Миленковски.



Доминацијата и во вториот дел вроди со плод во 65. минута кога Пепи Ѓоргиев од пенал ги постави конечните 0-2.


Брегалница натпреварот против Пелистер го почна во следниот состав: Талески, Д. Стојанов, Манев, Стошиќ, Маневски, Османовски, Ацковски, Наумоски, Миленковски, М. Стојанов и Наумов.

Ова беше последна контрола за избраниците на Добринко Илиевски пред заминувањето в недела (2. февруари) за Анталија каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовките за вториот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.