-
16.02.2020
-
Млади категории
Во рамките на подготовките на тимовите од младинско-пионерската школа на Брегалница на игралиштето во Бело брдо се одиграа две пријателски средби со екипата на прилепска Победа, која се натпреварува во Суперлигата на Македонија. И младите „сини“ фудбалери запишаа две победи!
Помладите пионери (деца родени до 2004 година), предводени од тренерот Иван Варадиновски, триумфираа со 1-0, со голот на Дарко Николов, додека кадетите (генерација 2001/2002) триумфираа со 2-1 со головите на Октај Мамедов и Никола Митев.
Првенството во пионерско-младинските конкуренции стартува на 29. февруари. Претходно се закажани и две меѓународни средби. На 23. февруари младинците во Охрид ќе играат со ФК Графичар од Србија, која е во суштина втора екипа на белградска Црвена Звезда. А, на 25. февруари, исто така во Охрид, пионерите ќе одиграат тест дуел со Црвена Звезда.