ФОТОГАЛЕРИЈА: Извонредна генерација - И Црвена Звезда ја почувствува моќта на младите „сини“

​Младите фудбалери на Брегалница, генерација на фудбалери родени 2003 и 2004, уште еднаш го потврдија својот квалитет овој пат и преку интернационален тест.

Сините надежи на извонреден начин, со тотална доминација во текот на целиот натпревар, славеа со 2-0 против белградска Црвена Звезда, тим кој важи за еден од најголемите фудбалски расадници на Балканот. Пресметката во Охрид, на која погодоците ги постигнаа Марио Митев и Љупче Кудев, дефинитивно потврди зошто оваа генерација предводена од Драган Арсовски е водечка, без ниту еден пораз, по есенскиот дел од домашното првенство.

Павел Цветков, Филип Донев, Камил Георгиев, Кристијан Јорданов, Дарко Михајлов, Јован Дојчинов, Мартин Митев, Матеј Георгиев, Борче Гогов, Љупче Кудев и Бранко Ангелов, како и Стефан Спиридонов, Марио Стефановски, Иван Мастев, Филип Хубртев, Филип Анастасовски, Бојан Стефановски, кои влегоа во вториот дел, на беспрекорен начин денеска го бранеа синиот дрес на мегдан со големиот фаворит.

Галерија