Натпреварот со Кит Го во сабота од 17 часот, Мавров ќе ја дели правдата

Натпреварот од првото пролетно коло на нашиот тим со Кит Го ќе се игра во сабота (29. февруари) со почеток од 17 часот.

Главен делител на правдата ќе биде Васко Мавров, а ќе му помагаат Новачев и Стојан Костадинов. Четврти судија на натпреварот ќе биде Игор Иванов од Велес, а делегат Благоја Петров од Велес. Контролор на судењето ќе биде Ацо Мировски од Скопје.