Натпреварот од првото пролетно коло меѓу Брегалница и Кит Го утре (29. февруари) на Градскиот стадион во Штип ќе се игра со почеток од 14 часот, без публика.
По добиената препорака од Владата до сите спортски институции поради коронавирусот, натпреварите во периодот до 6. март мора да се играат без присуство на публика. Токму поради тоа Фудбалската федерација на Македонија официјално потврди дека сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ - Исток и Запад викендов ќе се одиграат без присуство на публика.
По оваа одлука, променет е и терминот на одигрување на натпреварот меѓу Брегалница и Кит Го. Па, место првичниот термин од 17 часот, поради играњето без публика, раководството на клубот, а во согласност со ФФМ и противничкиот тим на Кит Го донесе одлука утрешниот дуел на Градскиот стадион во Штип да се игра од 14 часот.