Пролетта почна со триумф на дербито против Кит Го

Брегалница победнички ја почна пролетната сезона во Втората лига - Исток славејќи со 1-0 во дерби пресметката од 15. коло во Втората лига - Исток против Кит Го.

Во квалитетен натпревар на Градскиот стадион во Штип, кој се одигра без публика поради препораката од Владата за превенција од коронавирусот, „сините славеа со голот на Пепи Ѓоргиев во 63. минута.

Првата шанса за Брегалница ја имаше Иван Настевски, уште на самиот старт од средбата, но не успеа да ја затресе противничката мрежа. Во 20. минута и Мартин Стојанов во убава можност но резултатот непроменет. Низ главно израмнет дуел до крајот на првото полувреме Христов имаше шанса за Кит Го, а остана нереализиран и обидот со глава на Дарко Стојанов по нафрлувањето од корнер.

Во второто полувреме доминацијата на Брегалница. Сето тоа вроди со плод во 63. минута кога Пепи Ѓоргиев погоди за водство од 1-0. До крајот на дуелот останаа нереализирани уште неколку одлични можности за „сините“ кои останаа неискористени за конечна минимална победа.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (15. КОЛО)
БРЕГАЛНИЦА - КИТ ГО 1-0 (0-0)
Градски стадион во Штип. Натпревар без публика. Стрелец: Ѓоргиев 63' (Б).


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК  - 15. КОЛО
Тиквеш - Каменица Саса 4-0
Плачковица - Кожуф 1-1
Брегалница - Кит Го 1-0
Осогово - Беласица 0-2
Питу Гули - Победа 2-2