Кадетите триумфално против Ренова, реми на младинците на стартот од пролетта во младинските првенства (ФОТО)

Кадетите на Брегалница запишаа голема победа во дербито против Ренова, во првото пролетно коло од младинските натпреварувања на ФФМ.

Кадетите предводени од тренерот Влатко Давитков славеа со 1-0 на натпреварот во Штип, со погодокот на Октај Амедов. По оваа победа Брегалница во кадетска конкуренција сега е прва со три бода предност во однос на Ренова.



Младинците ремизираа (2-2) на дуелот во Штип. Стрелци за Брегалница беа Марио Рунтев и Љупче Кудев.

Пионерите, исто така ремизираа (2-2) но во Тетово каде стрелци беа Јован Дојчинов и Кудев. Пионерите имаа водство од 1-2 до 90. минута кога Ренова успеа среќно да дојде до бодот. Ова е прво реми за пионерскиот тим после 10 едноподруго победи во првенството. Пионерскиот тим е на врвот од табелата со шест бода предност во однос на Милано.

Помладите пионери одиграа без победник (1-1), а стрелец на единствениот гол за „сините“ беше Еди Мандак.

Во следното коло сите четири категории играат со екипата на Кумамото 2012.