Убедливи игри и четири победи на сите пионерско-младински екипи

Убедливи игри и четири победи во пресметките со Куманово на сите екипи на Брегалница во пионерско-младинската конкуренција изминатиов викенд.

Младинците со 0-2 славеа на гостувањето против кумановци со погодоците на Марио Рунтев и Никола Митев. Кадетите славеа со 1-2 со головите на Бране Ангелов и Леон Цуцковски, додека помладите пионери славеа со 2-1 на дуелот во Штип со головите на Филип Анастасовски и Давид Јованов.

Најубедливата победа ја запишаа пионерите кои триумфираа со 5-2. Стрелци на головите беа Матеј Георгиев во два наврати, Кудев, Ангелов и Дојчинов.



Брегалница е убедливо прва на табелата пред Ренова во вкупниот пласман, во сите пионерско-младински категории.